Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Еден милион видови од животинскиот и растителниот свет загрозени од исчезнување

09/05/2019
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Еден милион видови од животинскиот и растителниот свет загрозени од исчезнување
Share on FacebookShare on Twitter

Еден милион од осумте милиони видови животинскиот и растителниот свет на планетата се загрозени од исчезнување како последица на неодговорното однесување на луѓето, предупредија научниците давајќи ја најсеопфатната проценка на глобалната загуба на природата досега.

Нивниот историски извештај дава мрачна слика за планета уништена од постојано растечка човечка популација, чија ненаситна потрошувачка го уништува природниот свет.

Глобалната стапка на истребување на видовите е веќе десетици до стотици пати повисоки отколку што беше во просек во текот на последните 10 милиони години, според Меѓувладината платформа за наука и политика за биолошка разновидност и екосистемски услуги (ИПБЕС), ООН комитет, чиј извештај го напишаа 145 експерти од 50 земји.

Стеснување на просторот за живеење, експлоатацијата на природните ресурси, климатските промени и загадувањето се главните двигатели на губењето на видовите и им се заканува на повеќе од 40% водоземци, 33% од коралните гребени и над една третина од сите морските цицачи со изумирање, се вели во извештајот на ИПБЕС.

“Здравјето на екосистемите на кои зависат и ние и сите други видови, се влошува побрзо од кога и да било”, изјави Сер Роберт Вотсон, претседател на ИПБЕС, додавајќи дека е потребна „трансформативна промена” за да се спаси планетата.

Извештајот доаѓа шест месеци откако Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени (ИПЦЦ) предупреди дека светот има помалку од 12 години за да ги избегне катастрофалните нивоа на глобалното затоплување.

На истиот начин како што извештајот на ИПЦЦ ја стави климатската криза на светската политичката агенда, авторите на извештајот на ИПБЕС се надеваат дека тоа ќе ја намали загубата на природата во глобалното внимание.

govor
CIVICA
govor
CIVIL
CIVIL
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ

© 2022 GREENCIVIL