Владата нема време да се грижи за екологијата во Велес

ЦИВИЛ Медиа ги праша граѓанките и граѓаните на Велес дали Владата доволно се грижи за екологијата.

„Сега бргу ги изгласавме, ќе видиме понатаму“, вели еден велешанец.

Една велешанка пак смета дека се потребни дополнителни мерки. „Секогаш може повеќе и подобро“, вели таа.

„Пак ќе кажам, се е до народот, до свеста на народот“, „Јас си гледам за своето здравје“, „Не се грижи за ништо Владата“, се дел од одговорите на велешани.

Друг велешанец вели дека не се гледа никаков ефект од грижата за екологијата. „Улиците се нечисти, зеленилото го има се помалку, се оди надолу“, смета тој.

„Јас мислам дека сега за сега немаат ништо сторено. Но мислам дека треба да им дадеме време, рано е се уште. Белким ќе се среди“, вели друга велешанка.

„Како што е насекаде низ Македонија така е и кај нас. И бетер! Не би можел да дадам мислење. Затоа што конкретно, Владата за екологијата во Велес нема ништо. Единствено имаат градските власти, а нашиот градоначалник некако лабаво ја тера работата. До каде ќе ја истера ќе видиме“, вели еден велешанец.

Ариан Мехмети
камера, монтажа и обработка на текст: Маја Ивановска

 

This post is also available in: Albanian

Green CIVIL

FREE
VIEW