ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска ќе ги посети општините Куманово и Липково, каде преку директна комуникација со граѓаните ќе го претстави новиот проект Зелена иднина чија цел е да ја подобри јавната перцепција и знаењето за концептот на општество кое ги негува зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.
На инфо-штандовите на ЦИВИЛ граѓаните и граѓанките на Липково и Куманово ќе имаат можност да се запознаат со поврзаноста на овие три елементи, кои се предуслов за општество кое се стреми кон демократски вредности и напредок базиран на грижата за околината и иднината.
Тие исто така ќе имаат можност активно да се вклучат преку испраќање на пораки до локалната и централната власт, да разменат мислења, ставови и информации, слободно и без ограничувања за темите од областа на социјалната правда, зелените иницијативи и антинационализмот.
Она што е важно за овој проект е фактот дека граѓанките и граѓаните имаат право и можност да ги променат состојбите во општеството. Проектот Зелена идина се спроведува со поддршка на Фондацијата Хајнрих Бел од Сараево.
This post is also available in: Albanian