Еко - акција од #Поинаку за Битола

„Добро утро Битола!!! Мал поклон од Поинаку за Општина Битола .Утрово поставивме 50 монтажни држачи за кеси за ѓубре. Држачите се ефтини, лесно одржливи и не оштетуваат. Молба до Комуналец да ги менува редовно, вреќи ќе ви дајме гратис. За поинаква и чиста Битола“, објави Габриела Илиевска од Независна група на советници во Советот на Општина Битола, на својот Твитер профил.

Илиевска ја поткрепи изјавата со фотографии од нивната акција упатувајќи апел дека многу е лесно да се направи нешто #Поинаку доколку се има волја и желба нештата да се промени на подобро.

Please follow and like us: