Филантропија на зелени идеи е годишен конкурс кој поддржува развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во Западен Балкан: во Северна Македонија и во Албанија, Косово, Црна Гора , Босна и Херцеговина, Србија и Грција.
Победниците од овогодинешниот натпревар за зелени бизнис идеи ќе се прогласат во четврток, 20 јуни, со почеток во 14:30 часот во хотел Арка. На настанот ќе бидат прикажани и интересните зелени идеи на 12-те финалисти.
По овој настан победниците продложуваат на регионален натпревар (09-12 јули, во Тирана, Албанија) каде се натпреваруваат за парични награди од 10.000 долари.
АРНО (Асоцијација за развој на нови опции), натпреварот го организира во соработка со Фондот на Браќата Рокфелер (Rockefeller’s Brothers Fund) од САД, за избор на идеи/проекти за зелени претриемнички/бизнис идеи кои промовираат традиционална изработка на производи, поддршка на локални мали бизниси, кои користат ресурси од локалната заедница и кои потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.