Локална младинска акција „Екокреација“

Младинскиот клуб Скопје на програмата Младински активизам на МОФ на 27-ми јуни 2019 година (четврток), со почеток во 18:00 часот, во Монтажната галерија во Парк на Франкофонија се одржа настанот „Екокреација“.

На настанот беа поставени канти за отпад изработени од гуми и изложба на стикери и постери изработени во Фотошоп на тема Екологија. Воедно, посетителите на настанот можеа да играат игри за екологија и да се забавуваат со музика.

Постерите и стикерите, изработени од членовите на Младинскиот клуб во Скопје, се однесуваат на проблемите со загадувањето како локален, но и глобал проблем низ призмата на младите членови на клубот, разработени на комичен и критички начин.

Целта на изложбата е да ја покрене свеста на младите за состојбата на животната средина во која што живеат и да ги поттикне да размислуваат за можните решенија. Изложбата е производ на курикулумот кој го изучуваат членовите на Младинскиот клуб во Скопје.

Во изложбата, со свои дела учествуваа: Андријана Весовска, Сихана Сејфулаи, Магдалена Добревска, Сара Николовска, Оливера Каменаровска, Искра Илиеска, Ангела Грозданов, Панде Ефтимов и Зорана Димовска.

Настанот беше поддржан од National Endowment for Democracy.

Green CIVIL

FREE
VIEW