НИТУ ЕДНА КОМУНАЛНА СЛУЖБА НЕ МОЖЕ ДА ИСЧИСТИ МИЛИОНСКИ ГРАД АКО СИТЕ ФРЛААТ КАЈ ЌЕ СТИГНАТ!

Мини депонии и преполни контејнери е секојдневна слика во главниот град. Граѓанската новинарка Нина Шуловиќ Цветовска вели дека не ја разбира таа потреба да се фрла околу контејнерите!

„Па ако е полн контејнерот, преку улица има друг сосема празен, премини улица мајку му, нема да се скршиш од работа! Ми пријде човек од Комунална хигиена додека сликав, ми вика „не се дочистува, работиме стално“. И му верувам. Па која е таа служба што може да исчисти милионски град сите ако фрлаат кај што ќе стигнат?!“, додава таа.

Таа вели дека граѓан(к)ите треба да се цивилизараат, бидејќи нивните деца го газат и го дишат ова ѓубре.

Д.М.

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW