ОН: Повеќе од две милијарди луѓе на светот немаат пристап до вода за пиење

Обединетите  нации објавија извештај во кој се вели дека повеќе од две милијарди луѓе ширум светот се уште немаат пристап до вода за пиење.

Значителен напредок е постигнат од крајот на минатиот век, бидејќи од 2000 година 1,8 милијарди луѓе добиле можност  да дојдат пеш за 30 минути до достапна вода за пиење, се вели во извештајот на УНИЦЕФ и Светската здравствена организација. Сепак, околу 2,2 милијарди луѓе се уште немаат пристап до питка вода, што вклучува 785 милиони луѓе кои немаат заштитен извор на вода на растојание од половина час, стои во извештајот. Непрочистена површинска вода пијат 144 милиони луѓе.

Многу болести – како дијареа, колера, тифус, хепатитис А – можат да бидат елиминирани кога ширум светот би била достапна вода за пиење и тоалети поврзани со контролиран канализациски систем. Исто така, ќе се намали и ширењето на цревни паразити и очни бактериски инфекции. Во извештајот се вели дека 4,2 милијарди луѓе немаат пристап до тоалети со безбедни одводи, а 673 милиони луѓе се уште вршат нужда на отворено.

Споредено со 2000 година, кога нужда на отворен простор вршеле 21 процент од населението, сега изнесува девет проценти. Меѓутоа, во 39 земји бројот на луѓе без тоалети всушност се зголемил, првенствено во субсахарска Африка, каде што има значително зголемување на населението. Три милијарди луѓе се уште немаат основни хигиенски услови, кои се дефинираат како поседување тоалет, кој не го користат повеќе домаќинства и поседување мијалници со сапун и вода во куќа.

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW