Десеттина активисти утринава во Скопје организираа собир за поддршка на жителите во близина на седиштето на концесионерот „Еуромакс“, а како поддршка на активистите кои се борат против отворање на рудникот во Иловица.
Жителите од Штука и Иловица пет дена по ред го блокираат пристапот на работниците на „Еуромакс“, барајќи од Владата да ја одземе концесијата за рудникот инаку следува масовна мобилизација на граѓаните.