„Зелена иднина“ е благородна но тешка задача

На денешниот инфо-штанд „Зелена иднина“ тимот на ЦИВИЛ разговараше со граѓанките и граѓаните за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.

„Ја прочитав вашата идеја, се согласувам, но мислам дека тоа е тешко“ вели еден граѓанин на Скопје зборувајќи за поврзаноста на овие компоненти кои се предуслов за едно демократско општество ориентирано кон европските вредности.

„Зелените вредности и социјалната правда се речиси невозможни, затоа што тука се уште владее неправдата. А за антинационализмот би рекол атавизам. На мали простори, каде што сме ние мали нации, се тепаме и сакаме да се откачиме еден од друг“, вели тој.

Инфо-штадовите на ЦИВИЛ често го привлекуваат вниманието на туристите. Така и овој пат, на штандот застанаа двајца туристи од Велика Британија.

„Градот е преполн со пластика. Реките се полни со пластика. Улиците се полни со пластика. Треба да се убедат луѓето да не користат пластика за една употреба. Исто како што се прави во Европа. Треба да се натераат трговците да ги продаваат пластичните ќеси. Но една да чини 70 денари. Граѓаните мора да се убедат преку џебот, а не преку срцето“, вели овој турист, кој пред неколку години работел во Министерството за земјоделство, а сега е во приватна посета на земјата.

Дијана Тахири
обработка на текст и монтажа: Маја Ивановска
камера: Дехран Муратов
фотографија: Ангела Петровска

 

Please follow and like us:

This post is also available in: Albanian English

Green CIVIL

FREE
VIEW