Тимот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, како дел од денешниот активистички ден, пред платото на ЈИЕ, Стара скопска чаршија, го промовираше проектот „Зелена иднина“, кој организацијата го спроведува во соработка со Хајнрих Бел – Сараево.
На инфо – штандот граѓанките и граѓаните имаа можност да се информираат за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот преку едукативен и информативен материјал, но и во директна комуникација со тимот на ЦИВИЛ.
Граѓаните и граѓанките истовремено имаа можност да се запознаат со поврзаноста на овие три елементи, како предуслов за општество кое се стреми кон демократски вредности и напредок базиран на грижата за околината и иднината.
Б. Јордановска
Фотографии: Маја Ивановска
This post is also available in: English