Зелена иднина во Стара скопска чаршија

Тимот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, како дел од денешниот активистички ден, пред платото на ЈИЕ, Стара скопска чаршија, го промовираше  проектот „Зелена иднина“, кој организацијата го спроведува во соработка со Хајнрих Бел – Сараево.

На инфо - штандот граѓанките и граѓаните имаа можност да се информираат за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот преку едукативен и информативен материјал, но и во директна комуникација со тимот на ЦИВИЛ.

Граѓаните и граѓанките истовремено имаа можност да се запознаат со поврзаноста на овие три елементи, како предуслов за општество кое се стреми кон демократски вредности и напредок базиран на грижата за околината и иднината.

Б. Јордановска

Фотографии: Маја Ивановска

 

 

Please follow and like us:

This post is also available in: English

Green CIVIL

FREE
VIEW