Анкета: Национализам има само кај политичарите

„Нема национализам, супер живееме, нормално…“, „Нема национализам, ама хаос е во градот со сообраќајот, нема зеленило, мизерија е, нечисто…“, „Општината Гостивар не се грижи за екологијата, животната средина, тоа сами не можеме да го решиме, мора помош и од Владата“, беа дел од одговорите што гостиварчани ги понудија на прашањата за национализмот, социјалната правда и грижата на општината за заштита на животната средина, како дел од проектот „Зелена иднина“.

„Национализам има само кај политичарите, кај селаните и граѓаните не постои. Тие создаваат проблеми за спопствени интереси“, изјави еден граѓанин.

Во Тетово граѓаните не беа расположени отворено пред камера да зборуваат за проблемите со кои се соочуваат. Генерално се согласуваат дека нема национализам, но скоро сите се незадоволни од општината и како таа се грижи за животната средина и екологијата.

„Прва точка дека постои национализам е со Законот за јазици, се донесе, но не се имплементира со Албанскиот јазик… Општината се обидува да го одржува градот чист, но и граѓаните се годе долу криви, ни фали свест и соработка со Општината… “, изјави еден граѓанин од Тетово.

Тим на ЦИВИЛ

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW