Еко Герила бара од Заев да се одземат ингеренциите на Теута Арифи

Граѓанската организација Еко Герила денеска алармираше дека секој ден во Тетово се узурпираат јавните зелени површини, а локалните власти не реагираат.

Напротив, според активистот Арианит Џафери, градоначалничката Теута Арифи не ги исполни ниту другите ветувања кои се важни за чиста околина, јавен транспорт и јавниот ред во овој град.

“Од друга страна, релевантните институции и инспекторати, заедно со сообраќајната полиција, доживеја тотален неуспех да воспостават ред и закон, да го спречат загадувањето на воздухот, водата и почвата, како и ослободувањето на јавните простори да бидат узурпирани пред нашите очи. На градот секој ден му се намалуваат и оние малку зелени површини што му останаа. Последниот пример, како што можете да видите во видеото, е уништувањето и узурпацијата на зелените јавни површини во центарот на градот, по должина на улицата „Борис Кидрич“. Додека парковите и зелените јавни површини, во сопственост на сите граѓани, се бетонираат , Општината молчи и не презема ништо за да го спречи тоа”, обвини Џафери.

Имајќи предвид дека премиерот Зоран Заев ја поддржа Теута Арифи на последните локални избори, од него побараа одговорност и да ги одземе нејзините ингеренции, а од Јавното Обвинителство побараа да отворат истраги.

“Со оглед на фактот дека за време на предизборната кампања во 2017 година, вие од позиција на премиер дадовте отворена поддршка и ги замоливте граѓаните да гласаат за Арифи, ве молиме да ги одземете ингеренциите на Општина Тетово со која таа не успеа целосно да управува и да се справува. Јавното обвинителство треба да ги испита сите случаи на можна злоупотреба на службената должност”, изјавија на денешниот прес од  Еко Герила.

Тие потсетија дека еден од клучните услови за отворање преговори со ЕУ се реформите во правосудство, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и владеењето на правото. Од оваа движење објавија и видео од зелените узурпирани површини во Тетово.

Арбен Зеќири

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW