О2 иницијатива: До каде сме господа со линданот?

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, е член и на Работна група за решавање на проблемот со линданот од Охис, што Владата ја формираше во мај 2018 година. Проблемот со линданот е сè уште актуелен бидејќи уште нема кончено решение како држават ќе се справи со отровните материи од бројните депонии на Охис.

О2 Иницијатива на својата Фејсбук страница упатија директно прашање до Рашковски, па и Владата, кога ќе се исполни ветувањето од декември минатата година дека ќе се чистат двете депонии истовремено и дека тој процес ќе трае три до пет години во зависност од методологијата на чистење.

„Во декември 2018 Владата потпиша Меморандум за соработка со Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации (UNOPS) и со министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, за чистење на токсичниот отпад – линдан – во поранешната фабрика ОХИС и формирање на заеднички Фонд за таа цел. Колку средства се собраа за отстранување на линданот од ОХИС? Која метода ќе се користи? Малата депонија во оптимистичко сценарио на есен ќе започне да се чисти од линданот и др. опасен отпад. Големата кога ќе започне? Нели истоврмено ќе се чистеа?“, прашуваат од О2 иницијативата.

„Влада на Република Северна Македонија минатиот август донела одлука да се формира комисија која ќе работи на утврдување на веродостојноста на информацијата за можноста да има дива депонија на линдан надвор од кругот на фабриката ОХИС, како во Пеленица која уште од 2008 година се појавува во ЛЕАПот на општина Кисела Вода и потреба да се испита со оглед дека и Охис и Стаклара депонирале опасен отпад тука. Во декември МОН под притисок на јавноста и медиумите забрани екскурзии на ученици во Пеленица. Депонијата во Пеленица се ветуваше дека до Нова Година ќе се огради како ризична зона. Тендерот се објави дури на 22 март, за жичана ограда да се постави после два месеца. До пред месец и пол немало никакви табли со предупредување дека се работи за локација со опасен отпад и забрана за влез. Дали во меѓувреме се поставени, нема информација. Се смета дека има и трета депонија во кругот на фабриката Охис, покрај големата и малата... Кога ќе се започне со потребните анализи во Пеленица и третата депонија во Охис? До кога ќе се чека на прелиминарните првични анализи?, прашуваат од О2 Иницијатива и очеуваат итен одговор од повиканите Рашковски, работната група и самата Влада.

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW