Во период кога Охрид и Охридското Езеро се топ тема, на виделина излегува жалната реалност на нашата општествена и граѓанска (не)одговорност. Во длабочина од 5 метри, и далечина 100 метри од брегот, нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро.
https://www.facebook.com/AkvatekOhrid/posts/2198483896916475
Кадата е пронајдена во локација помеѓу Срјшче и Мостот на Желбите. „Некој си го реновирал клозетот. Секоја чест, Браво…“, пишува во објавата на Фејсбук, нуркачкиот клуб “Акватек”.
А. З.