Општина Охрид очекува заедничко постапување со Владата по препораките на УНЕСКО

„Општина Охрид до сега нема испратено официјално барање до Владата на Република Северна Македонија во врска со изземање или отстапување на ингеренции во одредена сфера од работењето на локалната самоуправа“, се вели во соопштението на Општината по вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека слушнал дека сакаат да ги остапат надлежностите во делот на градежништвото. Заев вчера изјави дека неговите очекувања се институциите да постапуваат не само заради тоа што препораките на УНЕСКО, дивоградбите и другите проблеми се актуелни теми и во Охрид и во Струга, туку и заради УНЕСКО. Во спротивно, изјави Заев, државата ги одзема ингеренциите.

Како одговор на оваа изјава Општина Охрид  соопштува дека нејзините очекувања се заеднички со Владата преку плански и стартешки пристап, постепено, чекор по чекор да се решаваат сите препораки на УНЕСКО и дека  ќе ги поправат сите грешки од минатото, направени од претходните власти.

„Во процесот на исполнување на препораките на УНЕСКО, Општина Охрид веќе има постапено по Препораката број 9 за Изработка на Регистар за нелегални градби, по Препораката број 19 со реализираната акција за отстранување на палмите кои се неавтохтони и инвазивни видови и со започнатата акција за отстранување на рекламните билборди од централното градско подрачје. Исто така веќе имаме спроведено и активности по Препораката број 18 за Регулација на сообраќајот во Стариот дел на градот. Беа организирани две јавни трибини со жителите на урбаната заедница Стар град со цел да се разменат мислења за режимот на сообраќај и начинот на негово регулирање. Веќе започна да функционира системот за електронско евидентирање на движењето на возилата во овој дел од градот, а за таа цел се издадени посебни картички за евиденција на моторни возила.

Во моментот општинските служби, вршат поединечна ревизија за секој предмет кој е дел од Регистарот на дивоградби и поеднечно ќе се носат одлуки за понатамошно постапување. Исто така во тек е постапката во врска со Огласот за јавна набавка за Ангажирање на градежна механизација за спроведување на административно управни акти за рушење на дивоизградени објекти.

Сите активности кои Општина Охрид ќе ги преземе во наредниот период во однос на исполнување на препораките на УНЕСКО, ќе се одвиваат во согласност со сите законски процедури, во постојана координација и комуникација со останатите надлежни државни институции, а јавноста ќе биде навремено и детално информирана“, се вели во соопштението на Општина Охрид.

Б. Ј.

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW