УНЕСКО одлучува за судбината на Охридскиот регион

Охридскиот регион денеска е на дневен ред на  43 сесија на УНЕСКО која се одржува во Баку, Азербејџан, на која ќе се разгледува и предлогот  Охридско да најде на листата на загрозени светски културни наследства.
Советодавните тела на УНЕСКО (ИКОМОС, ИУЦН и ИКРОМ) преку своите претставници ги образложија забелешките и причините зошто сметаат дека Охридскиот регион треба да се најде на листата на загрозени.
Претставниците на Австралија, Куба, Кувајт, Кина, Шпанија, Бразил, Тунис, Унгарија, Босна и Херцеговина побараа да се даде дополнителен период на Северна Македонија за да ги имплементира препораките од УНЕСКО, додека, пак, претставникот од Албанија го истакна значењето на Охридско езеро за двете земји и неговиот статус како светско културно наследство.

Министерот без ресор Едмон Адеми пред присутните на сесијата истакна дека се преземени сите мерки и се работи на преораките на УНЕСКО, но мора да се има предвид дека сегашната Влада е формиран два месеци по извештајот на УНЕСКО од мониторингот на Охридскиот регион.

По прашањето за судбината на Охридскиот регион се огласи и невладината организација  „Фронт 21/42“ кои на сесијата гледаат како пресудна затоа што ако тој се најде на листата на УНЕСКО за светски наследства во опасност нема да значи тргање на заштитата од УНЕСКО, туку нејзино зајакнување зашто ќе се стопира деструкцијата и ќе се создадат услови за враќање поволна состојба на вредностите.

„Најпатриотскиот чин кој нашата делегација може (и ако сака да го зачува најголемото природно и културно богатство – мора) да го направи во Баку, е да побара Охрид да отиде на листата на светски наследства во опасност и помош од експертите од УНЕСКО“, велат од „ Фронт 21/42“.

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW