„На нашата златна Македонија црно и се пишува, бидејќи функционерите не знаат да ја водат како што треба. Многу се краде, лаже, голема корупција…, а доколку се работи сoвесно, граѓаните би живееле како во Швајцарија. Политичарите крадат, но никој не оди во затвор, тоа е чудна работа, се поддржуваат еден со друг. На мои 71 годинa вакво нешто не сум видел, односно за време на Тито немаше вакви проблеми, не велам дека сè беше совршено, имало и тогаш мали искри, но имаше слога и соживот“, вели еден скопјанец на прашањето на ЦИВИЛ, „Каква иднина ја очекува државата – зелeна или црна?“.
Еден граѓанин кој секој ден работи во чаршијата вели дека нема работа повеќе, едвај вади некој денар. Во однос на екологијата посочи дека се чисти само во центарот на градот, а во другите населби се чистат само главните улици, и како пример ја наведе општината Шуто Оризари.
Друг граѓанин истакна дека оваа Влада почна да ги следи стапките на претходната корумпирана влада и дека нема кој да ја предводи државата на прав пат.
„Најцрна точка во Македонија е тоа што секој ден заминуваат млади и образовани лица. За економијата воопшто да не зборуваме. За екологијата колку е виновна државата толку се виновни и граѓаните, бидејќи не се воспитани да ја чуваат животната средина. Гледаме дека постојано има пожари, а тоа придонесува да има загаден воздух и во летниот и во зимскиот период“, додава тој.
Нема никаква иднина тука, сè со лаги се живее. Дури ниту судовите не функционираат.
Друг граѓанин вели дека „катран црна“ иднината ја очекува државата.
Обработка на текст и фотографија: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Камера: Биљана Јордановска
This post is also available in: English