Милјарда хектари шума за справување со глобалното затоплување:

Доколку продолжи сегашниот тренд на загадување, температурата ќе се искачи за 1,5 Целзиусови степени над индустриското ниво до 2030 година. Сепак, дрвјата би можеле да интервенираат, или барем да се обидат да ја запрат, глобалната климатска криза, велат експертите.

„Нашата студија покажува дека реставрацијата на шумите е најдобро достапно решение за борба против климатските промени и обезбедува цврсти докази за оправдана инвестиција (во садење дрвја)“, вели професорот Томас Краутер од швајцарскиот Федерален институт за технологија во Цирих и водечки автор на студијата „Глобалниот потенцијал за реставрација на дрвјата “, објавен на почетокот на јули во списанието Science.

„Ако реагираме веднаш, тоа би можело да го намали нашиот отпад од јаглерод за околу 25%, до нивото последно видено пред скоро еден век“, додадва Краутер.

Краутер и неговите колеги користеле фото-интерпретација во нивната анализа, метод за испитување на глобален сет на податоци од 78.000 шуми ширум светот. Користејќи го софтверот за мапирање на Google Earth, тие беа во можност да развијат модел за предвидување што мапира места каде што може да се лоцираат идните шуми. Така, тие заклучиле дека Земјата може да поддржи дополнителни 0,9 милијарди хектари шума, не вклучувајќи ги постојните дрвја, обработливото земјиште и урбаното земјиште. Кога растат овие дрвја, би можело да „сруши“ околу 200 гигатони јаглерод диоксид, што е околу две третини од јаглеродот што човековата активност го испушта во атмосферата уште од Индустриската револуција. Исто така, тоа е една четвртина од вкупниот јаглерод диоксид во воздухот, а чинот би имал „драматично влијание врз климатските промени“.

Швајцарскиот тим исто така вели дека област со големина на Соединетите држави е бесплатна за садење нови шуми и тие успеале да идентификуваат шест држави каде би можеле да бидат засадени нови шуми - Русија, Канада, Австралија, Бразил и Кина.

И покрај тоа, проф. Краутер вели дека нема да дојде до подобрување во блиска иднина: „ќе бидат потребни со децении нови шуми да растат и да го достигнат овој потенцијал.“ Затоа, сега е клучно да се премине брзо на оваа мерка, додава професорот од Цирих, но и да продолжи да се следи климатските промени и да се најде други решенија.

Студијата од Цирих доаѓа скоро една година откако Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ) препорача дека доколку светот сака да го ограничи порастот на температурата од 1,5 Целзиусови степени до 2050 година, потребна е една милијарда хектари засадени со шума.


Извор: Елементариум

Please follow and like us: