#НаполниГоШишето – предизвик за собирање на фрлените отпушоци низ светот

На социјалните мрежи се прошири нов предизвик под хаштагот – #FillTheBottle – (#НаполниГоШишето), кое луѓето ширум светот го прифатија предизвикот и за кратко време, многумина споделија фотографии од шишиња полни со отпушоци, собрани од земја, улици и плажи.

 

За да се подигне свеста за загадувањето на планетата, група студенти од Франција го започнале предизвикот со цел луѓето ширум светот да се охрабрат и да помогнат во чистењето и собирањето на фрлени отпушоци по улици и плажи.

 

Идејата за ова движење започнала од Амел Талха, која била инспирирана од Твитер фотографија на нејзин пријател на која пишува – „Ми беа потребни 20 минути за да наполнам шише од 1 литар со отпушоци фрлени во област од не повеќе од 50 метри. Ова е сериозно…“

Ќе се прошири ли овој револуционерен предизвик и кај нас? Спасете ја планетата – #НаполнетеГоШишето.

Д. М.

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW