Ниту грижа за природата, ниту грижа за меѓуетничките односи

Граѓанките и граѓаните денеска во центарот на Скопје имаа можност да се запознаат со проектните активности на ЦИВИЛ во промоција на зелените вредности, социјалната неправда и антинационализмот.

На инфо -штандот една граѓанка во комуникација со тимот на ЦИВИЛ сподели фотографија преку која го искажува и сопственото разочарување колку граѓанките и граѓаните, не само што не ја почитуваат природата , туку покажуваат и колку вулгарност, омраза и национализам има меѓу нас. Мразачот вложил време и труд, освен да се изрази крајно вулгарно, и да го избрише делот каде што повикот да се грижиме за животната средина е на албански јазик.

Преку инфо – штандот, ЦИВИЛ го претстави проектот „Зелена иднина“ што го спроведува во соработка со Хајнрих Бел од Сараево.

Б. Јордановска

Green CIVIL

FREE
VIEW