Со засадување на дрво започнаа Струшките вечери на поезијата

Со засадувањето дрво во Паркот на поезијата во Струга од Ана Бландијана, годинашната добитничка на главната фестивалска награда „Златен венец“, вчера започна годинашното, 58. издание на светски реномираната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“.

„Се чувствувам многу емотивно што ме поканивте да бидам лауреатка на овој фестивал. Не можам доволнода ви се заблагодарам за оваа покана и за оваа дружба и за можноста да го живееме сонот на овој поетски фестивал“, рече лауреатката на прес-конференцијата што се одржа набргу потоа.

По прес-конференцијата, како дел од официјалната програма на годинашното издание во хотелот „Дрим“ беше отворена изложба на Сашо Блажес.

58-то издание на „Струшки вечери на поезијата“ ќе биде официјално отворено вечерва, во 20.30 часот пред Домот на култура во Струга. Покрај традиционалното читање на песната „Т`га за југ“ и обраќањето на директорот на фестивалот, Тодорче Тасевски, годинашното отворање ќе мине со првата „Поетска порака“, односно обраќање од истакнат македонски поет/поетеса. Идејата за овој новитет е да се потенцира важноста на поетите и моќта на поетскиот збор во делот на фестивалската програма, кој обично е резервиран за обраќањата на официјалните претставници на централната и локалната власт.

Честа да ја изрече првата „Поетска порака“ вечерва ќе ја има истакнатиот македонски поет и прозаист Влада Урошевиќ. Нему, по повод осумдесет и петгодишниот роденден годинава, во рамките на програмата му е посветен посебен термин за поетски портрет.

Програмата потоа ќе продолжи половина час подоцна, на истото место, со поетското читање „Поетски меридијани“.

Програмата ќе продолжи утре во 10 часот во Конгресната сала на хотелот „Дрим“ со Портрет на Зоран Анчевски, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци” за 2018 година.

Голем дел дел од настаните на годинашниот фестивал ќе бидат пренесувани во живо на официјалниот YouТube канал на Струшките вечери на поезијата

Green CIVIL

FREE
VIEW