Владата ќе ги раззеленува скопските општини за да го исчисти воздухот

Владата ги повика скопските општини со зеленило да се борат против смогот. Со јавен повик до загадените скопски општини, Владата им нуди средства од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година за локалната самоуправа да уредува зелени површини во градинки, основни и средни училишта и здравствени објекти на територијата на Скопје.

„Право на учество на јавниот повик имаат општините на територија на градот Скопје, кои имаат високо ниво на аерозагадување, односно висока концентрација на РМ10 и РМ2.5, согласно податоците од мерните станици на Државниот автоматски мониторинг систем“, стои во повикот.

Општините треба до 15 август да достават барања и податоци, а селекцијата ќе се врши врз основа на големината на зеленилото кое ќе го уредуваат и бројот на деца кои престојуваат во градинките, ученици во училиштата и пациенти во здравствените објекти.

„Поддршката за намалување на аерозагадувањето ќе се врши од предвидените средства во дел IV од Програмата, преку доделување опрема во согласност со дел IV, точка 2. Доделувањето на опремата ќе биде само за општините во градот Скопје.“, се наведува во повикот Во Планот за чист воздух, што го објави во ноември лани, Владата вети дека до 2020 ќе го намали загадувањето во Скопје за 50 отсто, а во другите градови од 30 до 50 отсто.

Игор К. Илиевски

Green CIVIL

FREE
VIEW