Денеска во Стара скопска чаршија, ЦИВИЛ на инфо-штанд го претстави проектот „Зелена иднина“ кој го спроведува во соработка со Хајнрих Бел од Сараево.
На инфо-штадот граѓанките и граѓаните се информираа за целите на овој проект. Тимот на ЦИВИЛ со нив зборуваше за социјалната правда, зелените вредности и антинационализмот.
Покрај директната комуникација со граѓанките и граѓаните, дел од заинтересираните потпишаа и изјава за поддршка на ЦИВИЛ.
„Доколку и другите сакаат да нѐ поддржат, тоа може да го сторат онлајн на линк на организациската веб страница“, велат активистите на ЦИВИЛ.
Тимот на ЦИВИЛ ги праша граѓан(к)ите во Скопската чаршија – „Каква иднина ја чека Македонија, црна или зелена?“. Анкетата наскоро ќе биде објавена на ЦИВИЛ Медиа и Зелен ЦИВИЛ.
Од ЦИВИЛ ги повикуваат сите заинтересирани граѓанки и граѓани, кои сакаат да ги споделат своите размислувања на овие теми и имаат идеи како да придонесат за Зелена иднина, да напишат порака на фејсбук страницата на организацијата. Тимот на ЦИВИЛ е постојано отворен за директна комуникација на бројните инфо-штандови во Скопје и низ целата држава. Повеќе информации околу активностите на ЦИВИЛ може да се најдат тука.
ЦИВИЛ тим за комуникации
This post is also available in: English