„Имаме црна иднина, бидејќи сме опколени со премногу згради, во градот нема зеленило нема воздух, имаме премногу возила, дефинитивно имаме црна иднина“, вели една граѓанка во центарот на Скопје, на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Каква иднина ја очекува државата, зелена или црна?
Друг граѓанин вели дека имаме розева иднина, затоа што ги уапсија сите што требаше и сега ќе биде подобро.
„Сите аргументи покажуваат дека ни се предвидува црна иднина, нема ништо зелено. Ова е страшно, нема ниту еден аргумент за оптимизам. Ова е апслоутна негрижа, системот не функционира, а кога немаме системско решение го имаме ова што го имаме. Ние сме огромна депонија, огромно ѓубре, се давиме во загаден вохдух, се давиме во загадени езера, во загадени реки… Од ова поцрно не може да биде, ова е црвен аларм, на сите ни ѕвони алармот во уши, и мора работите системски да се решаваат, а не да се решаваат ад-хок. Имаме еден куп пожари, а МВР не презема ништо, не само МВР, туку цела држава ни е пеачко аматерско друштво“, вели една скопјанка.
„Имаме зелена иднина, бидејќи ние како луѓе треба да се трудиме да ни биде убаво во животот“, нагласи една граѓанка.
Еден граѓанин вели дека граѓаните немаат доволна развиена еколошка свест, но и дека државата не поставува доволно канти и контењери за ѓубре.
„Имаме шарена иднина, бидејќи сè е пропуштено на инаетот, на љубомората, на злобата… генерално секој си ја гледа својата работа и никој не се грижи за ништо“, додава еден граѓанин .
Обработка на текст и фотографија: Дехран Муратов
Новинар и монтажа: Aриан Мехмети
Камера: Ангела Петровска