Анкета во Охрид: Каква иднина нè очекува, зелена или црна?

Граѓанките и граѓаните во Охрид одговарајќи на прашањето на ЦИВИЛ каква иднина нè очекува, како се грижи локалната самоуправа и државата за заштита на животната средина, беа поделени во своите очекувања.

Дел од анкетираните очекуваат зелена иднина, задоволни од развојот на државата и просперитетот, а дел се крајно разочарани и не очекуваат ништо добро во иднина.

„Имаме зелена иднина. Имаме просперитет со новата Владата и реформите во интерес на младите. Инаку конкретно за Охрид, градот е чист, туристите се задоволни“, истакна еден граѓанин.

„Црна. Како јас што сум во црно, така и Македонија е црна. Здравство, образование, што функционира? Кај ќе одиме, напред, во Европа? Мислена именка“, разочарано одговори една граѓанка.

„Црна, во секој домен. Култура, здравство, во сè. Градот ни е нечист, лошо, смет расврлен насекаде“, изјави друг граѓанин.

„Охрид е меѓу најчистите градови, за разлика од Скопје и Тетово. Комуналното претпријате функционира безпрекорно. Само фама се крева, политиката е за тоа крива“, смета еден охриѓанец.

Анкетата се спроведе како дел од проектот „Зелена иднина“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Хајнрих Бел од Сараево.

обработка на текст: Биљана Јордановска
новинар: Ариан Мехмети

Please follow and like us:

This post is also available in: Albanian

Green CIVIL

FREE
VIEW