Органски мед, органски млечни производи, органски зеленчук и овошје, органско кафе, органски зачини, органски житарки и многу повеќе, ќе може да се пробаат и да се купат денес и утре (6.09 и 7.09) на плоштад Македонија кадешто ќе се одржи 9.издание на „Фестивалот на органска храна“.
Денеска и утре (петок и сабота) од 10 до 18 часот на плоштадот Македонија по деветти пат во Скопје ќе се одржи Фестивалот за органска храна и здрав начин на живот.
Она по што се разликува годинешниот фестивал од изминатите се поголемиот број на разновидни работилници поврзани за органската исхрана, но и балансирање на здрав начин на живот, за важноста на физичката активност.
Оваа година на Фестивалот ќе има повеќе од 20 изложувачи со разновиден спектар на органски производи. Од органски мед, органски млечни производи, органски зеленчук и овошје, органско кафе, органски зачини, органски житарки, до органска козметика.
Во организацијата на Фестивалот четврти пат по ред е агенцијата Подиум. Затоа на оваа тема разговаравме со Деспина Козаровска, партнер во агенцијата. Таа во организацијата на овој фестивал учествува по четврти пат, а овој фестивал има за неа посебно значење.
„Од мое лично име, сега кога веќе сум и мајка, повеќе се посветив кон тоа да истражувам за органската храна и здравиот начин на живот. Секогаш кога имам можност гледам што повеќе да се информирам и да најдам производители на органски производи.
извор/ Арт кујна