Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Голем интерес за конференцијата за изборни реформи на ЦИВИЛ

16/09/2019
in АКТУЕЛНО
Голем интерес за конференцијата за изборни реформи на ЦИВИЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Од час во час се повеќе расте бројот на пријавени учесници на Конференцијата за изборни реформи „Перспективите на македонските избори“ која ја организира ЦИВИЛ во Скопје, хотел Континентал (Кристална сала), на 25 септември со почеток во 12 часот.

Своето присуство го најавија лидерите и претставниците на речиси сите парламентарни партии, но и на неколку вонпарламентарни, затоа што ЦИВИЛ ги покани сите, без оглед на тоа дали се работи за голема или мала политичка партија, дали е застапена во сегашниот состав на Собранието или е вонпарламентарна.

Меѓу присутните ќе бидат и релевантни експерти и претставници на граѓанското општество и на меѓународната заедница.

Поради големиот интерес и ограничениот број на места, учеството е можно преку онлајн апликацијата за учество.

На Конференцијата ќе се говори за потребата од реформи во изборниот систем во целост, а поконкретно ќе се отворат темите за Изборниот законик, изборниот модел, Избирачкиот список, политичкото финансирање и медиумите и изборите. Учесничките и учесниците на Конференцијата ќе се обидат да дадат одговори на прашањата дали, како и во кој временски рок се возможни реформи во изборниот систем. Деталната програма, како и листата на говорници ќе биде објавена на 18 септември.

Конференцијата ќе ја отворат претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и германскиот амбасадор Томас Герберих.

Настанот е дел од проектот „Слободни граѓанки и граѓани за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

ЦИВИЛ тим за комуникации

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW