Познат предизвикувачот на вчерашниот екоинцидент во Вардар

По вчерашниот помор на риби што се забележа по течението на реката Вардар кај населбата Аеродром, за кој првичната проценка беше дека доаѓа од загадувањето од кругот на поранешна Железара, денеска државниот инспекторат за животна средина  изврши вонреден инспекциски надзор.

Инспекција се изврши во комплексот на поранешна Железарница кај три правни субјекти Макстил А.Д, ЕСМ-Подружница Енергетика, Скопје и Арцелор Митал преземен од Либерти Хаус Груп, а надзорите ги извршиле инспектори  Одделението за инспекциски надзор во животната средина и природата-Скопски регион, се наведува во соопштението на инспекторатот.

Во соопштението се додава дека за сите овие правни субјекти се изготвени Записници за констатација во инспекциска постапка, направена е фотодокументација, а од страна на субјектите е доставена дополнителна документација за потребите на надзорите.

Од правниот субјект Арцелор Митал преземен од Либерти Хаус Груп, Државниот инспекторат за животна средина беше писмено известен дека еколошкиот инцидент, кој се случи вчера е предизвикан од нивна страна. Во работните простории на компанијата дошло до пукање, при што се случило излевање на материјал измешан со железо и киселина без соодветно да биде третиран во системот за отпадни води и е предизвикано излевање на видно обоена црвеникаво-жолта отпадна вода во река Вардар вчера во утринските часови.

„Сите наводи се констатирани со инспекциски надзор на лице место со Записник за констатација, по што во постапката ќе следи соодветно решение во законскиот рок, а по добивањето на деталниот извештај за причините кои доведоа до инцидентот, ќе се постапи согласно законските прописи и јавноста повторно ќе биде информирана за водењето на понатамошната постапка“, се вели во соопштението на Инспекторатот.


Извор МИА

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW