На тротоарите на главната улица „Радишанска“ во приградската населба Радишани – Општина Бутел, под трговскиот центар и пред Основното училиште „Ацо Шопов“, нема место за слободно движење на пешаците.
До автобуската станица треба да се оди сред улица, или да се влезе во трговкиот центар за да се стигне безбедно и неизвалкано до автобуската постојка. Контејнерите се поставени на тротоар, на самиот раб, сметот се прелева речиси до средина на улицата, а низ тротоарот постојано има паркирани возила.
Населбата Радишани важи за една од најчистите, најмирните и најорганизираните урбани средини, но, тоа важи само за внатрешноста на населбата. Главната улица преку која поминуваат возила до вториот, третиот влез во населбата, и до селото Љубанци, во комерцијалниот дел на населбата, не е безбеден за минувачите, особено за учениците на основното училиште „Ацо Шопов“. Како жителка на населбата, апелирам до општинските власти, односно до Општина Бутел, да преземе мерки за средување на хаосот на улицата „Радишанска“. Да се дислоцираат контејнерите на погодно место, за да се ослободат тротоарите за слободно и безбедно движење на граѓаните. Да не се дозволува паркирање на возилата, бидејќи трговскиот центар има паркинг, и да се казнат полицајците што повремено се појавуваат на улицата, но не преземаат никакви мерки.
Фотографиите се направени во 8, 30 часот претпладне. Од 7.00 до 7.30 часот тротоарите се преполни со паркирани возила од родителите што ги носат децата на училиште, така што мора да се движиме по улицата, често и да чекаме по неколку минути на место, бидејќи се ствара сообраќаен хаос.
Дијана Тахири