ЦИВИЛ продолжува со активностите во рамките на проектот „Зелена иднина“ и утре ( четврток) 12 септември, со поставување на инфо штанд пред преминот Палета во центарот на Скопје, во 12 часот.
Екипата на ЦИВИЛ ќе го претстави проектот „Зелена иднина“ пред граѓаните, запознавајќи ги со целите и идеите на проектот – зелени вредности, социјална правдаи и антинационализам.
Покрај информативниот карактер на инфо-штандот, граѓан(к)ите можат да ги споделат и своите размислувања и конкретни предлози на овие теми.
Проектот „Зелена иднина“, ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Хајнрих Бел – Сараево.
ЦИВИЛ тим за комуникации