ЦИВИЛ со работилница за зелени вредности, социјална правда и антинационализмот во Куманово

ЦИВИЛ  ја продолжува серијата работилници „Зелена иднина“ во Куманово, посветена на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.

Работилницата ќе се одржи утре, 18 септември, во салата на Совет на Општина Куманово, Комитет, со почеток во 12 часот.

Работилницата на ЦИВИЛ е можност за сите општествено активни граѓанки и граѓани без разлика од каде доаѓаат, дали се дел од невладиниот сектор, или пак дел од некоја партија, да ги изнесат своите ставови и предлози.

ЦИВИЛ на овие работилници ги поканува сите заинтересирани граѓански организации, зелените иницијативи, политичките партии, медиумите, активистите и заинтересираните граѓанки и граѓани.

По презентацијата на проектот „Зелена иднина“ и на поврзаноста меѓу европските и зелените вредности, социјалната и еколошката правда, ќе се отвори дискусија на темите: „Зелени вредности на локално и централно ниво: состојби, предизвици и перспективи“ и „Граѓанското учество во општествените процеси за поддршка на демократските реформи, зелените алтернативи и антинационализмот“.

„Зелена иднина“ е проект за поддршка на застапување и јакнење на јавната свест за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот во соработка со Хајнрих Бел, Сараево.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

Please follow and like us:

This post is also available in: Albanian English

Green CIVIL

FREE
VIEW