Засилени активности за „Зелена иднина“

ЦИВИЛ во општините Валадново, Струмица и Штип, утре ќе го промовира проектот „Зелена иднина“, кој огранизацијата го спроведува во соработка со Хајрих Бел, Сараево.

На инфо-штандовите на ЦИВИЛ, граѓанките и граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со целите на проектот, но и да ги споделат своите размислувања, ставови и предлози за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.

Во претпладневните часови, тимот на ЦИВИЛ ќе ги посети општините Валандово и Струмица, а инфо-штандот во Штип, ќе се одржи во попладневните часови, по работилницата „Каква Македонија сакам?“ која исто така е дел од проектот Зелена иднина.

Од ЦИВИЛ ги повикуваат сите заинтересирани граѓанки и граѓани, кои сакаат да ги споделат своите размислувања на овие теми и имаат идеи како да придонесат за Зелена иднина, да напишат порака на фејсбук страницата на организацијата. Тимот на ЦИВИЛ е постојано отворен за директна комуникација на бројните инфо-штандови во Скопје и низ целата држава. Повеќе информации околу активностите на ЦИВИЛ може да се најдат тука.

ЦИВИЛ тим за комуникации

 

Please follow and like us:

This post is also available in: English

Green CIVIL

FREE
VIEW