Тимот на ЦИВИЛ како дел од активностите во проектот „Зелена иднина“ денеска со почеток во 12 часот во салата на Совет на Општина Куманово ќе одржи работилница за промоција на зелените вредности, социјална правда и антинационализам.
Работилницата на ЦИВИЛ е можност за сите општествено активни граѓанки и граѓани без разлика од каде доаѓаат, дали се дел од невладиниот сектор, или пак дел од некоја партија, да ги изнесат своите ставови и предлози.
По презентацијата на проектот „Зелена иднина“ и на поврзаноста меѓу европските и зелените вредности, социјалната и еколошката правда, ќе се отвори дискусија на темите: „Зелени вредности на локално и централно ниво: состојби, предизвици и перспективи“ и „Граѓанското учество во општествените процеси за поддршка на демократските реформи, зелените алтернативи и антинационализмот“.
„Зелена иднина“ е проект за поддршка на застапување и јакнење на јавната свест за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот во соработка со Хајнрих Бел, Сараево.
ЦИВИЛ Тим за комуникации