Дерала: На Северна Македонија ѝ е потребно вистинско движење на Зелените

Џабир Дерала на конференцијата „Зелените доаѓаат“ (#ЗеленитеДоаѓаат) како пример за тоа дека светот на младите останува, ја зема активистката Грета Тунберг, која успеа да поведе „еколошка револуција“.

Дерала зборуваше и за ЦИВИЛ, организација што ги промовира зелените вредности како интегрален дела на сѐ што прави организацијата. Тој го сподели своето убедување дека зелените вредности кај нас се практично непозната категорија. Според него, зелените вредности на прво место вклучуваат почитување на човековите права и слободи, човековото достоинство. Човековите права се неделиви, не можете на некому да му дадете повеќе, а некому помалку права, исто како што не можете некому да му дадете повеќе, а некому помалку воздрух за дишење - е една од пораките што ги упати Дерала.

Според позициите на ЦИВИЛ кои ги претстави Дерала, треба да се изгради капацитет зелените вредности да се промовираат во сите сфери, од образованието па сѐ до пратениците и министрите, не само оние што се занимаваат со екологија. Со зелените вредности, како и со човековите права, не смеат да се занимаваат само одредени ресори, бидејќи тие се врзивното ткиво, како и човековите права. Посветено работиме и на социјалната правда, која е дел од зелените вредности, посветени сме на јакнење на јавната свест, затоа што таа во денешно време можеме да ја гледаме, секако, и низ призмата на еколошката правда. Тие се меѓусебно поврзани. Поради тоа, верувам дека треба тие да се гледаат во единство, во сите области.

Според Дерала, политичките партии немаат доследна практика на зелените вредности, кои реално би го промениле животот на граѓаните и додаде дека е подготвен да го брани тој став со податоци и аргументи. Исто така, според ЦИВИЛ, зелените вредности треба да станат дел од образовниот систем, а не само дел од програмите на политичките партии, што не се спроведуваат.

Во своето излагање, Дерала ја промовираше идејата за формирање на движење на Зелените во Северна Македонија.

А. Петровска

 

Please follow and like us:

This post is also available in: Albanian

Green CIVIL

FREE
VIEW