Џафери: Надеж имам, но ни треба многу работа!

Арианит Џафери од Еко-герила од Тетово вели дека од сите суштества на планетата само луѓето се тие кои ја уништуваат истата.

„Зелените партии се многу популарни на стариот континент, се борат против климатските промени, па Зелените може да дојдат и во Северна Македонија. Стотици организации има кои работат на оваа тема, коалиции и партнерства исто така. Слушам дека наскоро ќе има и нова зелена политичка партија. Но дали овие организации ќе ја завршат работата што треба да ја завршат и дали ќе ја спасат планетата Земја од огромното загадување? Јас не верувам. Најискрено ви кажувам дека не верувам дека само тие се доволни. Се додека властите, министрите, пратениците, градоначалниците се возат во скапи автомобили, јас не верувам во тоа“, истакна Џафери.

Тој зборуваше за иницијативата на неговата организација за субвенционирање на филтри за фабриките во Тетово и Гостивар, иницијатива која беше прифатена од Владата, но одвоила само 40.000 евра кои не се доволни ниту за една фабрика.

„Нема заштита за зачувување на животната средина доколку не изгласаме закони кои им даваат повеќе надлежности и права на државните инспекторати“, вели Џафери.

Тој смета дека зелените не можат да се справат со сите проблеми, се додека сите не станат Зелени.

„Не може да очекуваме само невладиниот сектор да ни ја заврши работата. Не можеме да сонуваме за Европа, додека работиме македонски. Можеме да плукаме и по Макрон, и Франција и Бугарија и сите, но дали навистина сме заслужиле? Треба да бидеме зелени без разлика на тоа дали сме левичари или десничари, дали сме Македонци, Албанци, Роми...“, рече Џафери, додавајќи дека тој се уште има надеж, но ни треба многу работа.

М. Ивановска

Please follow and like us:

This post is also available in: Albanian

Green CIVIL

FREE
VIEW