Mакедонска мобилна апликација за намалување на загадениот воздух победи на регионален натпревар за зелен бизнис

Авторите на првата македонска мобилна апликација, „Challenger“ чија цел е намалување на загадениот воздух во Скопје, победија на регионалниот натпревар за зелени бизнис АРНО, во конкуренција на млади од Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Србија и Црна Гора.

Целта на оваа апликација, како што велат победниците, е да создаде регионално влијание преку наградување на луѓето кои што пешачат или се движат со нивниот велосипед по локалните улици. Секој поминат километар пешки или на велосипед – се брои, на принципот колку повеќе километри, толку повеќе „Challenger“ поени кои носат попусти и награди.

„Challenger“ апликацијата ќе биде лансирана до крајот на годината, а до тогаш креаторите на апликацијата, Теодора, Олга, Стефан и Митко, упатуваат апел до сите компании директно да се вклучат со цел „сите заедно да ги создаваат промените“.


извор МИА

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW