Орданоски: На земјата и се заканува виртуелен астероид наречен климатски промени

Ванчо Орданоски од Инфопроект, во своето излагање на конференцијата Зелените доаѓаат, зборуваше за виртуелниот астероид кој и се заканува на Земјата, наречен климатски промени.

„Тој ќе предизвика невидени катастрофи и во иднина. Но не сум тука да ви говорам за црни сценарија. Јас сум тука за една нова надеж која ја имаме. Едно светло во тунелот на климатските промени“, истакна Орданоски.

Надежта Орданоски ја гледа во младите луѓе.

„Кај младите повеќе не палат прикаските на политичарите. Денешното општество во кое живееме е стара верзија, нешто што веќе не функционира. Мора да донесеме нова верзија. Таа ќе ја донесат младите“, вели Орданоски.

На конференцијата тој го најави и проектот „Екомонитор“ делумно финансиран од Фондот за иновации, чие мото е дека борбата против загадувањето на воздухот започнува со неговото мерење.

„Ситуацијата со мерењето на загадувањето на воздухот во моментов во земјата е трагична!“, смета Орданоски.

За проектот „Екомонитор“ Орданоски вели дека тој претставува хиперлокално мерење на загадувањето на воздухот со стотици уреди во секоја општина кои ќе можат реално да го мерат моменталното загадување во секој момент. Идејата е сите податоци да бидат достапни за сите. Со тоа ќе се постигне една мрежа на сензори кои на неколку минути ќе испраќаат податоци до централни сервери, ќе се мерат гасови, притисоци, влажност на воздухот, ПМ честички, амбиентални звуци итн... Со овој проект Македонија ќе дојде и ќе избие во регионот на најдобро опремените држави во поглед на мерењето на загадувањето на воздухот. Но ова не е најбитната работа. Битна е прогнозата на загадувањето. По извесно време со податоци ќе можеме да предвидиме какво ќе биде загадувањето во одреден ден, во одреден час. Тоа е битно затоа што властите реагираат ретроактивно на загадувањето. На овој начин властите ќе можат да влијаат и реагираат проактивно во однос на загадувањето.

М. Ивановска

Please follow and like us:

This post is also available in: Albanian

Green CIVIL

FREE
VIEW