Работилница на ЦИВИЛ за Зелена иднина во Струмица

Утре, 15 октомври во Струмица ќе се оддржи последната од серијата работилници кои ЦИВИЛ ги организира во рамки на проектот Зелена иднина.

По успешните работлници во ШтипКумановоГостиварВелес и Прилеп, ЦИВИЛ продолжува со несмалено темпо да организира настани, да патува низ земјата со инфо штандовите за директна комуникација со граѓан(к)ите.

Работилницата во Струмица е одлична можност за сите општествено активни граѓанки и граѓани без разлика од каде доаѓаат, дали се дел од невладиниот сектор, или дел од некоја партија, да ги изнесат своите ставови и предлози за социјалната правда, зелените вредности и антинационализмот

Во работниот дел на овој настан, ќе се отвори дискусија за прашањата поврзани со промоцијата и практикувањето на европските вредности и зелените алтернативи, во пресрет на процесите за интеграција на Македонија во ЕУ.

ЦИВИЛ на овие работилници ги поканува сите заинтересирани граѓански организации, зелените иницијативи, политичките партии, медиумите, активистите и заинтересираните граѓанки и граѓани.

Агендата на двочасовниот настан на самиот почеток предвидува термин од 15 минути за изјави за медиумите, а веднаш потоа започнуваат сесии на кои не е дозволено видео и аудио снимање. По презентацијата на проектот „Зелена иднина“ и на поврзаноста меѓу европските и зелените вредности, социјалната и еколошката правда, ќе се отвори дискусија на темите: „Зелени вредности на локално и централно ниво: состојби, предизвици и перспективи“ и „Граѓанското учество во општествените процеси за поддршка на демократските реформи, зелените алтернативи и антинационализмот“.

ЦИВИЛ тим за комуникации

Please follow and like us:

This post is also available in: Albanian

Green CIVIL

FREE
VIEW