Протест за одземање на концесијата на рудникот Иловица-Штука

Здрава котлина, Младите на Штука-Иловица против рудникот и Еко-долина,  организираат мирен протест во Скопје на 23 ноември 2019, сабота, со почеток од 12 часот, пред Влада на РМ со цел да изразиме загриженост и поддршка во насока на конечно решавање на проблемот преку одземање на концесијата на рудникот Иловица-Штука согласно законот за минерални суровини.

„Имено во јули 2019, Министерството за економија го одби барањето за дозвола за експлоатација (3 години после законски рок) и таа одлука ја потврди Второстепената комисија во октомври 2019. Веднаш потоа Министерството за Економија го потпиша предлог решението за еднострано раскинување на концесијата и го стави во владина процедура за да излезе на седница на влада и да се реши ова конечно. Согласно законите за одземање на концесијата не е потребно да се чека никаква одлука на Управен Суд туку само да се стави на дневен ред на седница на влада веќе потпишаното предлог решение и да се изгласа еднострано раскинување на концесијата.

Свесни сме дека за месец и половина ќе дојде техничка влада и дека тогаш ќе нема ингеренции да решава за ова важно прашање. Затоа е овој мирен протест, за да ја потсетиме и охрабриме владата да постапи согласно заложбите и потребите на граѓаните кои се доста јасно изразени. Свесни сме дека Владата ги имаат аргументите и знаат дека законот е на наша страна за што и веќе направија исчекор во вистински правец. Останува само да се заврши до крај ова работа и да се одземе концесијата на Еуромакс Ресурси согласно законот за минерални суровини.

Ве повикуваме да присуствувате на протестот во Скопје во што поголем број, заедно со вашите семејства, роднини и пријатели. Имаме организирано бесплатен масовен превоз до Скопје и назад. Сендвичи немаме, но можете да си понесете со вас храна, напитоци и ведро расположение. Според метеролошката прогноза ќе биде убав сончев ден во Скопје и протестот би траел еден час. Дополнително ќе објавиме време на тргнување од Струмица и враќање од Скопје. Граѓаните кои сакаат да присуствуваат можат да се пријават на телефонскиот број 078467240 со цел да си резервираат место за транспорт’, се вели во нивниот повик.

 

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW