ЦИВИЛ: Да се пронајдат и наjстрого да се санкционираат организаторите на борбите меѓу малолетници

ЦИВИЛ најостро ја осудува појавата на организирање борби меѓу малолетници во скопски Капиштец. Особено загрижува фактот што не се работи за еден изолиран случај, туку за контунуиран процес, добро организиран, за кој меѓу другото постои и ценовник, 20 денари за гледање и 300 денари за снимање со телефон, со обложување.

Оваа појава мора да се сфати крајно сериозно, а институциите веднаш да реагираат соодветно на законските одредби. Потребна е итна истрага за мотивите и заднината на ова организирано насилство и злоупотреба.

ЦИВИЛ бара итно да се пронајдат организаторите на овие борби како и сите учесници во инцидентите што се снимени и објавени на социјалните мрежи.

Истовремено, ЦИВИЛ ги повикува директорите на училиштата, педагозите, психолозите и стручните служби, како и советите на родителите, итно да преземат итни и решителни мерки за ефикасно надминување на оваа немила појава.

ЦИВИЛ бара преземање решителни и остри дисциплински мерки за сите инволвирани, но и поведување истрага и законски санкции за сите што овие инциденти ги овозможиле, мотивирале или не реагирале соодветно на своите надлежности.

ЦИВИЛ ги повикува родителите сериозно да се ангажираат, да соработуваат со стручните служби и со надлежните институции како што се полицијата и јавното обвинителство и да се вклучат во решавањето на овој проблем.

Исто така, ги повикуваме Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат итно да се вклучат во справувањето со оваа закана.

ЦИВИЛ алармира дека е загрижувачки и што на дел од видеата каде се гледа дека се присутни и возрасни лица. Инволвираните мора да сносат целосна одговорност!

ЦИВИЛ тим за комуникации

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW