Уништувањето на природата ги обедини Албанците и Србите во Косово

Во малата општина Штрпце на југот во Косово веќе пет години трае борбата за реката Лепенец.

Од една страна се инвеститорите кои со довола од надлежните веќе неколку години се обидуваат да изградат хидроелектрана. Од друга страна, пак, се здружените жители, Срби и Албанци, кои сакаат да ја сочуваат природата, спомените, но и сопствената идинина на овие простори.

Сторијата на "BBC" на српски јазик зборува за тоа како дошло до здружување на Србите и Албанците во етнички поделеното Косово, како изгледа нивната борба и до каде се спремни да одат.

Штрпце е мала општина на југот во Косово каде претежно живеат Срби. Долна Битиња е едно од албанските села. Ги спојува реката Лепенец.

„Градењето тука започна некаде во 2015 година. Во тоа време не знаевме за што се работи. Слушнавме дека ќе биде нешто за туризам, дека ова подрачје ќе се разубави, дека речното корито ќе се направи во камен. Ние тогаш се радувавме, вели Идриз Арифи, жител на Долна Битиња.

Но радоста не траела долго. Мештаните набрзо потоа дознале дека планот е сосема поинаков – изградба на хидроелектрана поради која водата од реката Лепенец и нејзините притоки ќе завршуваат во цевки.

„Тогаш започнавме да се организираме и да ја попречуваме работата. И Срби и Албанци. Едноставно така се договоривме“, вели Арифи.

„Тоа се наши комшии со кои живееме отсекогаш не само сега. Како ќе тргнат со работа, ние се собиравме околу 100 до 500 луѓе на почетокот“, вели жител на Штрпце.

Граѓаните, здружени, веќе со години го спречуваат завршувањето на изградбата на хидроелектраната за што дозвола издала локалната самоуправа. Општината на почетокот на годината ја прекинува работата поради заматување на водата и загрозување на снабдувањето со вода.

„Ние се покренавме за да ја заштитиме оваа река. Сметаме дека тоа е екоцид и уништување на природата. Од друга страна овој проблем добива повеќе на тежина затоа што ние од таму се снабдуваме со питка вода. Нас не интересира нашиот живот овде. Ние се бавиме со земјоделство и сточарство. Немаме алтернатива за опстанок“, вели Добривоје Стефановиќ, пензиониран професор по биологија од Штрпце.

Во јули 2019 година надлежниот министер го даде конечниот збор – изградбата на хидроелектраната продолжува. Но, продолжува и отпорот од жителите. Мештаните одбиваат да дозволат работа на нивните приватни имоти. На последните протести реагираа и припадниците на специјалната полиција. Имаше и повредени.

„Тие сега ја доведоа и РОСА (поранешен назив за специјалната полиција на Косово). Дојдоа како да е којзнае што, некоја војна“, вели еден мештанин.

Цевките треба да поминат и низ имотот на Тахир Мухамед.

„Нека ми понудат не милион евра, милијарда нека ми дадат, оваа убавина не ја давам. Тие размислуваат само за својот џеб, за своите интереси. А кој пати? Патиме ние, народот пати! И повторно ќе тргнат, знаеме ние, свесни сме, не сме глупави. Знаеме дека ќе донесат полиција. Но, ние не даваме! Единствено... само да не стрелаат“, вели тој.

Косовскиот омбудсман препорача да се сопре изградбата на хидроелектраната. „Причината за ваквата препорака е јасното влијание на деградација на животната средина и водата“, стои во препораката од Канцеларијата на косовскиот омбудсман.

извор: BBC

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW