Спасовски: Мерките за рестрикција и забрана на движењето ќе се носат во зависност од состојбата

„Ова е вонредна ситуација и затоа е потребна вонредна состојба. Владата нема ниту најмала дилема. Донесовме одлука да предложиме носење на вонредна состојба на територијата на целата држава. Сега и веднаш. Мерките дадоа резултати но сега е време кога мора тие мерки да се заострат за да се спречи пикот на коронавирусот. Убедени сме дека таквата ескалација можеме да ја спречиме со воведување на воредна состојба“, рече денеска на прес конференцијата, претседателот на Владата Оливер Спасовски.

За начинот на спроведување на вонредните мерки, Спасовски посочи -„Ова нема да значи рестрикции и забрани за движење. Такви мерки ќе се носат на дневно ниво во зависност од ситуацијата“.

Тој повтори дека граѓаните мора да се однесуваат одговорно и да ги следат препораките на Владата.

„ Ништо веќе не е исто. Животото радикално се промени како кај нас така и во светот. Потребно е секој од нас да биде одговорен и одговорно да се однесува. Ако сакаме да ја заштитите нацијата сите мора да се однесуваме и вонредно и одговорно.Да се кренеме на висина на задачата.Подготвивме многу мерки, има резултати и ќе ја совладаме заканата, заедно ќе излеземе посилни“, рече Спасовски.

Премиерот нагласи дека вонредната сотојба и дава можност на Владата за брзо и ефикасно спроведување на мерките за заштита и одбрана нашата држава, општесто и економија.

„Само со вонредна состојба владата ќе може да делува непречено. Се созадаваат услови за сите кои учесвуваат во борбата против овој вирус да го дадат максимумот“, изјави Спасовски.

Предлогот е испратен до спикерот Талат Џафери, кој според процедурата треба да го свика Собранието кое е распуштено. Се очекува дека вонредната состојба попладнево ќе ја прогласи претседателот Стево Пендаровски.

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW