Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12.00 часот е 35. Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје. Состојбата на сите пациенти е стабилна. Министерот за здравство, Венко Филипче со прес конференција ќе се обрати во 15 часот.