Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги објасни мерките кои ќе се предземат во ситуација на вонредна состојба. Тоа според него значи поголема одговорност и грижа на граѓаните и на институциите.
„Движењето на граѓаните нема да се загрози но ќе биде само по потреби и под строги хигиенски мерки. Сите граѓани ќе можат да ги извршт секојдневните обврски, но, по нивно завршување да се вратат на работно место или дома, а секако при секој контакт да се употребат средства за дезинфекција, ракавици и маски. Вонредната состојба не предвидува по автоматизам полициски час или затворање на дејности и објекти, но за тоа ќе се одлучи според потребите и ситуацијата“, изјави Заев.
„Сите објекти и дејности ќе продолжат да функционират, се додека Владата не одлучи дополнително за затворање на одреден објект или дејност. Вонредната ситуација не значи полициски час, но полициски час може да се постави доколку не ги почитуваме мерките и препораките за заштита“, додаде Заев.
А. З.