Владата на денешната седница ги усвои иницијативите за заштита на Шар Планина и Осоговските Планини.
– Прогласувањето на овие две подрачја, што содржат високо ниво на биолошки и културни вредности, за заштитени зони, покрај тоа што значи исполнување на националните и меѓународните обврски за заштита на пределската разновидност и биодиверзитет, значи и искористување на огромниот потенцијал за развој на локалната економија, односно одржливо управување со природните ресурси, преку обезбедување еко-системски услуги и екотуризам, порача министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Според МЖСПП, Владата донесе одлуки за прифатливост на предлозите на МЖСПП за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк и прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје во категоријата V – Заштитен предел.