О биџуко расисти

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Два месеца поминаа, не стивнуваат расистичките шеги на сметка на ромскиот јазик, демек обид да се исмее честитката на Оливер Спасовски. Не само од војската на мвро-вмро, гледам се приклучуваат и доста јаки и гласни „борци за човекови права“, „космополити“, „интлектуалци“…

Нормално, исмевачите не се потрудиле да дознаат дека Спасовски знае добро и ромски, а богами и албански јазик. Растел во такво кумановско маало, се потрудил да ги научи и разбере комшиите.

Нормално, тие што исмеваат не знаат ниту збор ромски, освен пар пцовки. А не се исмеваат со Спасовски, туку со ромскиот, нека е јасно. Спасовски е тука само спотер на политичка омраза, преку кој го изјавуваат и својот расизам и ксенофобија. Колку и да го кријат, од некаде ќе излезе. Просто е појако од нив.

 


Сите права се заштитени.
Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW