ЦИВИЛ го зголемува обемот на изборниот мониторинг и ги повикува заинтересираните да аплицираат

Бројот на набљудувачи на ЦИВИЛ на претстојните избори се зголемува. Ако на минатите избори имавме околу 200 набљудувачи, сега таа бројка можеби ќе достигне и 300. Има простор за нови краткорочни набљудувачи.

ЦИВИЛ ги повикува сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА

Функционери и активисти на политички партии немаат право на учество на овој повик. Не е дозволено да се биде набљудувач на две организации истовремено.

Предност во процесот на избор за набљудувачи, како и секогаш, имаат членовите и поддржувачите на ЦИВИЛ, поранешни набљудувачи, како и оние што учествувале на семинарите за граѓанско новинарство.

Од тимовите за мониторинг на овие избори, на најуспешните двајца ќе им бидат понудени подолготрајни ангажмани во проектите на Организацијата.

За сите кандидат(к)и е важно да знаат дека мониторингот на ЦИВИЛ подразбира мобилност, посветеност и непристрасност. Краткорочните набљудувачи се активни во текот на изборниот молк, на денот на гласањето и еден ден по гласањето.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW