Кардула: Граѓанинот треба да биде гласен, да биде дел од прогресивната борба за подобро општество

Зоран Кардула е еден од оние активисти, инаку графички дизајнер, кој секогаш е гласен кога станува збор за општествени и политички неправди во кoи страадат поединци, заедници, но и целото политичко и општествено делување во земјата. А, гласноста, активното граѓанско учество во приднесот нештата даа бидат подобри, поубави, каде поединецот, но и колективот ќе се чувствува достоинствено, слободно, среќно, го изразува преку илустрации на креативен начин.

Со Кардула разговаравме колку уметноста може да придонесе во промоција на зелените вредности, социјалната правда и борбата против национализмот.

Зелен ЦИВИЛ: Колку уметноста може да придонесе во промоција на зелените вредности?

Кардула: Најпрво да ги спомнам зелените вредности, почитување на човековото достоинство и човековите права, слободата,  демократијата, еднаквост, владеење на правото, социјална и еколошка правда, трансформација на општеството во корист на сите,  економска, социјална и еколошка благосостојба, негување на разновидноста на природниот свет... вредности за кој секој треба да се бори.

За мене како графички дизајнер нормално е занаетот кој го имам да го искористам за промоција на горе наведените вредности. Преку графика и илустрација секогаш полесно допира пораката која сакаме да ја пратиме. Промоцијата на овие вредности настојувам да биде преку илустрации затоа што луѓето помалку читаат текстови. Ритамот на животот, секојдневното брзање некаде  остава простор за илустрацијата да ја пренесе пораката без многу текст, а сепак да остави простор за размислување и дискусија. Затоа апелирам сите уметници, дизајнери, музичари.... да бидат погласни и да ги промовираа овие вредности затоа што овие вредности се основа за едно здраво општество.

Зелените доаѓаат: Почитување на човековото достоинство и човековите права / слобода / демократија / еднаквост / владеење на правото / социјална и еколошка правда / трансформација на општеството во корист на сите / економска, социјална и еколошка благосостојба / негување на разновидноста на природниот свет, илустрација Зоран Кардула

 

Зелен ЦИВИЛ: Што е потребно за постигнување на социјалната правда? Дали визуелизацијата на социјалната неправда е доволно гласна за се направат некои промени?

Кардула: Социјалната правда за мене е дирекно поврзана со функционирање на правната држава. Без правна држава не може да има социјалната правда. Далеку сме од општество каде има социјална правда, но последниве години видни се некои поместувања кон подобро. Треба уште многу да се работи. Неопходно е сите кои се социјално угнетувани да го кренат својот глас, прво они да бидат гласни за да нивната мака, нивниот глас се чуе и така да им се помогне.  Со визуализација можеби полесно ќе стигне пораката за неправда, но за сето тоа да има ефект треба граѓанинот да биде гласен, да се бори за своите права кои законски ги има, но за жал често пати нивната реализација изостанува.  Без заедничка борба нема да се постигне посакуваната цел.

Без правна држава, нема социјална правда, илустрација Зоран Кардула

Зелен ЦИВИЛ: Колку уметноста може да помогне во борбата против национализмот?

Кардула: Според мене може многу да помогне. Национализмот, се повеќе и повеќе зема замав во светот и за жал ние не сме исклучок. Сведоци сме на сè повеќе нетолеранција на етничка основа, се враќаат некои стари реторики познати од времето на фaшизмот, промовирање на ликови од историјата кои го поддржуваа фашизмот. Тука нема компромис и мора од корен да се пресечат. Ние живееме во една мулти етничка држава и вакви националистички реторики мора најстрого да се казнат зошто штетата може да биде фатална. Уметноста и уметниците не смеат да бидат само неми набљудувачи на вакви девијантни појави во општеството и мора да го кренат својот глас. Тие треба да бидат дел од прогресивноста, дел од општеството кое ќе го водат напред и ќе создаде општество кое ќе биде подеднакво добро за сите без нетрпеливост по било која основа.

Антинационализам, илустрација Зоран Кардула

Б. Јордановска


Интервјуто е дел од проектот „Зелените доаѓаат“  што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.
Please follow and like us:

This post is also available in: English

Green CIVIL

FREE
VIEW